Си било еднаш во Холивуд (англиски: Once Upon a Time in Hollywood), во некои преводи Беше еднаш во Холивуд — американски филм од 2019 година, режиран од Квентин Тарантино, кој е автор и на сценариото. Во филмот глумат: Леонардо Ди Каприо, Бред Пит, Маргот Роби, Дакота Фенинг, Лук Пери, Дејмијан Луис и Ал Пачино. Филмот освоил два „Оскари“: за најдобро производство и за споредна машка улога (Пит), а бил предложен уште во осум категории. исто така, бил предложен за „Златен глобус“ во пет категории од кои победил во три, а од десетте номинации за БАФТА победил само во онаа за споредна машка улога (Пит). Вкупно, филмот освоил 147 награди, а имал уште 341 номинација.IMDb, Once Upon a Time... in Hollywood (2019) Awards (пристапено на 25.4.2020)
Премиерата на филмот во Обединетото Кралство била на 14 август 2019 г., во Македонија на 15 август, а во САД на 26 јули истата година.
Содржина Рик Далтон (го игра Ди Каприо) е поранешна ТВ-ѕвезда што сега глуми по разни ТВ-серии, но има проблеми со алкохолизмот. Неговиот најблизок соработник е каскадерот Клиф Бут (го игра Пит), кој истовремено му е возач и најблизок пријател. Рик живее во Холивуд, каде први соседи му се Роман Полански и Шерон Тејт. По наговор на продуцентот Шварц (го игра Пачино), Рик оди во Италија, каде снима шпагети-вестерни, а оттаму се враќа со девојка и истовремено му соопштува на Клиф дека ќе ја прекинат натамошната соработка. По тој повод, тие се опиваат, а потоа Рик оди да се одмори во својот базен, додека Клиф го шета своето куче. Тогаш, во нивната куќа влегуваат едно момче и две девојки (сите хипици), кои го напаѓаат Клиф и девојката на Рик, кој пак не знае ништо за нападот. Со помош на своето куче, Клиф ги убива момчето и едната девојка, а другата излегува надвор, каде ја убива Рик со помош на пламенофрлач. За време на борбата Клиф е ранет, кого го носат во болница, а Рик оди во посета на своите соседи.IMDb, Once Upon a Time... in Hollywood (2019) (пристапено на 25.4.2020)
Улоги ГлумецУлогаЛеонардо ди КаприоРик ДалтонБред ПитКлиф БутМарго РобиШерон ТејтЕмил ХершЏеј СебрингМаргарет КволиПусикетРафал ЗавиерукаРоман ПоланскиТимоти ОлифантЏејмс СтејсиОстин БатлерЧарлс „Текс” ВотсонДакота ФенингЛинет „Сквики“ ФромМајки МедисонСузан АткинсБрус ДернЏорџ СпанАл ПачиноМарвин ШварцЛук ПериВејн МондерВикторија ПедретиЛулуДејмијан ЛуисСтив МаквинЛоренца ИцоФранческа КапучиМајк МоБрус ЛиДаниела ХарисЕјнџелКурт РаселРенди Милер и раскажувачотЗои БелЏенет Милер
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 2019 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Квентин Тарантино Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Филмови за алкохоличари Категорија:Филмови за глумци Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лос Анџелес Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Холивуд Категорија:Филмови со Бред Пит Категорија:Филмови со Леонардо ди Каприо Категорија:Филмови со Маргот Роби Категорија:Филмови со Дакота Фенинг Категорија:Филмови со Лук Пери Категорија:Филмови со Ал Пачино Категорија:Филмови со Дејмијан Луис Категорија:Американски сатирични филмови Категорија:Американски комедии __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__