Крст — археолошко наоѓалиште во велешкото село Уланци. Претставува средновековна црква и некропола. На 2 км северно од селото, на патот кон селото Елешово, близу до селските лозја во месноста Цуцуле се наоѓа наоѓалиштето наречено Крст на кои, според податоците од Петре Ценовски и Тасе Кимов, до 1960 година имало остатоци од темели на црквичка. Денес теренот е селска утрина.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 87, ISBN 9789989101069
Поврзано Грамади — населба од римското време; Димов Гроб — некропола од железното време; Србиново — населба и некропола од доцноантичкото време; Столот — населба од преминот од бронзеното во железното време и од хеленистичкото време; Страната — населба - викус од доцноантичкото време; Топот — утврдена населба - опидум од римското време; Уланци; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
Категорија:Уланци