мини|399x399пкс|Џеронимо Апачите се американски староседелци кои живееле на југозапад на Северна Америка и припаѓаат на групата на атабасканските народи. Тие зборуваат со јазикот на Апачите, кој припаѓа на семејството на атабасканските јазици. Секое од 6-те племиња на Апачите зборувало на свој јазик. Потеклото на зборот Апачи е непознато. Тие живееле на територијата на денешна источна Аризона, Ново Мексико, западен Тексас, јужен Колорадо, западна Оклахома и во северниот дел наМексико во делови на сојузните држави Сонора и Чивава. Во Апачеријата, нивната заедничка татковина, се наоѓаат голем број високи планини, долини, длабоки кањони, пустини, а се простира и на јужниот дел на големите рамнини. Важеле за храбро и воинствено племе, кое постојано било во судир со белците. Конечно биле покорени во 1886 година. Денес, тие се наоѓаат во резерватите во Аризона, Ново Мексико, Оклахома и Тексас, иако можат да се најдат секаде низ САД, вклучително и во поголемите градови. Според пописот на жителите на САД во 2010 година, имало 63.173 Апачи, а ако би се вклучиле и тие со мешано потекло би биле 111.810.

Подгрупи мини|Географска дистрибуција на Апачи и Навахо во 19 век. WA: Западни Апачи, N: Навахо, Ch: Чирикава, M: Мескалеро, J: Хикари, L: Липан, Pl: Прериски Апачи. мини|Географска дистрибуција на Апачи и Навахо во 21 век Племињата на Апачи се:

Западни племиња:

1) Мескалеро 2) Чирикава 3) Западни Апачи

Тонто Вајат Маунтан Чибику Сан Карлос Апачи

Источни племиња:

4) Хикари 5) Липан

Прериско племе:

6) Прериски Апачи (или Кајова Апачи )

Историски подгрупи на различни апачки племиња

Чирикава Во минатото, Чирикава живееле во југоисточна Аризона и југозападниот дел од Ново Мексико .

Чирикава Апачите, кои живеат во Оклахома, Форт Сил Апачите се состои од 4 подгрупи:

Чихени (или Источни Чирикави, Мимбрењоси, Коп’р Мајнс Апачи, Ворм Спринг Апачи, Гила Апачи) Биданку (или Североисточни Чирикави, Моголон Апачи, Бедонко, Бронко Апачи, Гила Апачи) Чукунен (или Централни Чирикави, Чоконенди, Чирикави во потесна смисла) Ндендаи (или Јужни Чиракави, Пајн’ри Апачи, Сиера Мадре Апачи, Чиракави во потесна смисла)

Коп’р Мајнс Мимбрењоси (или Коп`рмајн) живееле околу горниот тек на реката Гил во областа Пинос Алтос во Ново Мексико. Тие биле подгрупа на Чихена Апачите.

Ворм Спрингс Мимбрењос (или Вормспринг) живееле околу горниот тек на реката Гил во областа Охо Калиенте во Ново Мексико. Тие биле подгрупа на Чихена Апачи.

Гилењо (или Апачис де Гила, Апачис де ла Сира де Гила, Гиланианс, Гила Апачи, Гилењос) е име кое се однесувало на неколку различни апачки и неапачки групи во различни временски периоди. Зборот Гила се однесувало или на реката Гил или на планините Гил. Бидејќи ова име се користело за сите групи Апачи западно од реката Рио Гранде, честопати не било јасно за која група точно се однесувало во историските документи. Под името Чирикава биле вклучени Биданку (Моголон) и Чихена Индијанците. По 1722 година во шпанските документи, почнало да се прави разлика помеѓу различните групи на Гила Апачи, а терминот Апачис де Гила почнал да се користи за Западните Апачи кои живееле околу реката Гил (како синоним се користел терминот Којотеро).

Хикари Хикари Апачите живееле претежно во северниот дел на Ново Мексико, јужниот дел на Колорадо и областа Пенхенд’л во Тексас. Името Хикари потекнува од шпанскиот збор за мала тиква. На територијата на Хикари Апачи постоеле две сосема различни средини, што било причина да се формираат две различни заедници: Ољероси или Хикари на планинските долини и Љанероси или рамничарски (прериски) Хикари.Griffin-Pierce, 380.Hook, Pegler, 116. Секој септември, двете групи се натпреварувале во церемонијална трка за време на празникот Гоџи.

Две подгрупи на Хикари Апачи биле:

Ољeроси (или Северен Хикари, Саидинде), биле жители на планините, живееле западно од реката Рио Гранде покрај реката Чама.This Land is Your Land, This is Mine: The Socioeconomic Implications of Land Use Among the Jicarilla Apache and Arden Communities Се занимавале со земјоделство, грнчарство, а нивното име потекнува од шпанскиот збор „ољeро“, што значи грнчари. Нивните населби биле слични на Пуебла. Самите тие се нарекувале „Саидинде“ што значи „Песочни луѓе“ или „Планински луѓе“ или „Жители на планините“. Љанероси (или Источни Хикари), биле жители на рамниците (прериите), живееле како номади во типи, ги следеле и ловеле бизоните во преријата источно од реката Рио Гранде. Центарот на нивната територија било околу реката Кенеидијан Рив. Се нарекувале „Гулгахен“ или „Рамничарски народ“, име кое Шпанците го превеле во „Љанерос“, што значи „Жители на рамнините“.Griffin-Pierce, 380.Hook, Pegler, 116.

Липан Команчи и нивни сојузници, до 1750 година, ги протерале Липан Апачите од јужните делови на Големата рамнина, по што тие се поделиле во две главни групи, кои понатаму биле поделени во помали подгрупи.

Две главни групи на Липан Апачи биле:

Источни Липани (или Горни Липан, Северен Липан)

Церал Туета (Црвенокоси луѓе), живееле јужно од реката Нуецес во јужен Тексас Че ша (Луѓето Сонцеви Видри), живеле од Сан Антонио Тексас кон југ сè до реката Рио Гранде Конечи (Борови луѓе), живееле од Луизијана до источен Тексас долж реката Ред Ривер Колкаха (Луѓе на Високата Трева), живееле во средишната рамнина на Тексас долж горниот тек на реката Колорадо и нејзините притоки, јужно сè до реката Пекос Чокана (Прашинести луѓе), живееле западно од Форт Грифин во Тексас, долж горниот тек на реката Колорадо кон западната страна на реката Рио Гранде Коки меческо лаха (Луѓето на шилестите мокасини) живееле јужно од Сно Антонио сè до северниот дел на Мексико Цел татли дша (Луѓето на Зелената Планина), живееле источно од реката Рио Гранде, по долниот тек на реките Гвадалупе и Нуецес Ндаве коха (Луѓето на оган), живееле југоисточно од Форт Грифин, долж реките Колорадо, Сан Саба и Љанос, кон горниот тек на реката Нуецес и нејзините притоки на Фрио и Атаскос во Тексас Ша иа нде (Северни луѓе), биле најсеверната група на Липан Апачи Цес цембаи (Луѓе со волчји глави), живееле меѓу горниот тек на реката Бразос и реката Колорадо Тел конда (Луѓето на Диви Гуски), живееле западно од Форт Грифин во Тексас, долж горниот тек на реката Колорадо и нејзините притоки

Западни Липани (или Долен Липан, Јужен Липан)

Тун ца нде (Луѓе на Големата вода), живееле од рамнините на крајбрежјето на Мексиканскиот Залив, до реката Рио Гранде од двете нејзини страни, во државата Коавила Цес Кеценде (Луѓе од Обоената Шума), живееле околу горниот дел од реката Бразос, а подоцна се преселиле во близина на Лавон во Мексико. Тинди нде (Планински луѓе), живееле околу горниот тек на реката Рио Гранде меѓу јужниот дел на Ново Мексико и северниот дел на Мексико Ча шка ожаје (Луѓе на Малите Престилки) живееле долж источниот брег на реката Пекос во Тексас Твид нде (Жилави луѓе од Пустината), живееле блиску до устието на реките Бразос и Рио Гранде Зит ис ти нде (Камен Врзан За Главата на Луѓето), живееле во пустините на северниот дел од Мексико

Мескалеро Мескалеро Апачите живееле претежно во источниот дел на Ново Мексико.

Мескалеро Апачите биле поделени во следниве групи:

Натахенде (Луѓе Мескала), живееле помеѓу реките Рио Гранде и Пекос во централниот дел на Ново Мексико Гулкахенде (Луѓе на Рамнините), живееле источно од планинита и реката Пекос, на висорамнините од областа Пененд`л во Тексас до долината на реката Пекос, меѓу Амарил, Тукумкари, Лубок и Љано Естакадо, долж планините Санди и Тирас, западно до Санта Фе, од Ногал клисурата на север до Лас Вегас (Ново Мексико), и од планината Орган на исток до Ел Пасо Цилнихенде (Луѓето на Планинскиот рт), живеел на планините западно и јужно од реката Пекос Цлахахенде (Луѓе Антилопи), живееле помеѓу реките Пекос и Рио Гранде, во централните и јужни планини на Ново Мексико и басенот Туларос Нитахенде (Луѓе на Земјените засеци), живееле на планините Сакраменто во Ново Мексико и на Гвадалупе планините во Западен Тексас Цехичихенде (Луѓето со Кукаст Нос ), живееле на планините Гвадалупе и соседните рамници на Тексас и северните делови на Кахуила и Чивава во Мексико Цебекиненде (Луѓе на Каменитите Куќи), живееле околу Нуево Касас Грандес во државата Чивава Тахунде (Луѓето на Планините Што Се Протегаат До Реката) живееле од двете страни на реката Пекос во јужниот дел на Ново Мексико и југозападниот Тексас. Таинкунд (Луѓе На Големата Вода), живееле во јужниот дел на централниот Тексас и северниот дел на Кахуили. Првобитно тие биле Липан Апачи, но подоцна им се приклучиле на Мескалеро Апачите Туетинините (Жилавите Луѓе Од Пустина), живееле на север од Кахуила и Чивава. Првобитно тие биле Липан Апачи,но подоцна им се приклучиле на Мескалеро Апачите

Прериски Апачи Прериските Апачи или Кајова Апачите себеси се нарекувале Наиша и Наишан Дене. Тие биле во сојуз со Кајовите. Живееле во Големата Рамница. Денес тие живеат во југозападна Оклахома.

Западни Апачи мини|383x383пкс|Жена од племето Сан Карлос Апачи Во групата на Западните Апачи се вбројуваат: Северните Тонто, Јужните Тонто, Вајт Маунт’н, Чибику и Сан Карлос Апачи. Според Гудвин, овие групи на Западните Апачи, иако имале ист јазик, се сметале за меѓусебно независни племиња.

Тонто, според Гудвин тие живееле во западните и северни подрачја на Западните Апачи, северно од Феникси северно од реката Верде.

Северни Тонто Болд Маунт’н Фосил Крик Мормон Лејк Оук Крик Јужни Тонто Мазацал другите Јужни Тонто

Вајт Маунт’н биле најисточната група на Западните Апачи

Источни Вајт Маунт’н Западни Вајт Маунт’н

Чибику, живееле северно од реката Сол Ривер, меѓу Тонто и Вајт Маунт’н Апачи. Тие се делеле во 3 подгрупи:

Сид’р Крик Каризо Чибику во потесна смисла

Сан Карлос Апачите, според Гудвин, живееле најблиску до Тусон од сите групи на Западни Апачи (тие биле најјужната група). Имале 4 подгрупи:

Апачи Пикс Ариваипа Пинал Сан Карлос Апачи во потесна смисла

Историја

Доселување на југозапад Апачите и Навахо зборуваат јазик сроден со јужно-атабасканските јазици . Народи кои сè уште го користат атабасканскиот јазик живеат на Алјаска, западна Канада и на северозападниот дел од тихоокеанското крајбрежје. Антрополошките докази покажуваат дека Апачите и Навахо Индијанците живееле во тие исти северни територии, пред да мигрираат на југозапад, меѓу 1200 и 1500 година.

Номадскиот начин на живеење на Апачите оневозможува точно утврдување на време на нивното доселување, затоа што во однос на другите народи кои живееле на југозапад од САД тие имале најпримитивни живеалишта. Од почетокот на 21 век постигнат е напредок во одредувањето на времето на нивното доселување, во препознавањето на нивните населби и другите облици на материјалната култура.

Во време на пристигнување на Шпанците, веќе била воспоставена трговија помеѓу Пуебло Индијанците и Апачи. Пуебло Индијанците разменувале пченка и памук за месо од бизони и материјали за изработка камени алатки. Коронадо забележал дека прериските Индијанци во текот на зимата своите кампови ги поставувале во близина на Пуебло. По воспоставувањето на шпанскиот суверенитет во областа, дошло до нарушување на трговските односи меѓу двете индијански групи. Апачите брзо ги прифатиле коњите од шпанските доселеници, подобрувајќи ја својата подвижност и можност за брзи напади на населбите. Пуебло Индијанците биле принудени да ги обработуваат имотите на католичките мисии, поради што немале вишоци на сопственото производство за трговија со своите соседи Индијанци.

Конфликт со Мексико и САД Во текот на неколку векови, шпанските колонисти и Апачите тргувале меѓусебно, но исто така и меѓусебно се напаѓале. Односите меѓу одредени шпански села и одредени племиња на Апачите варирале. Една група Апачи можела да има пријателски однос со едно шпанско село, а другото да го напаѓа. Кога имало конфликт, Шпанците ги испраќале своите трупи, по битката бил потпишуван мировен договор и двете страни се враќале во своите домови.