Крајбрежната црвена секвоја () е единствен преживеан вид од родот Sequoia од фамилијата чемпреси (Cupressaceae). Крајбрежната црвена секвоја е зимзелено, долговечно, иглолисно дрво кое живее од 1.200 до 2.200 години, а можеби и повеќе. Крајбрежната црвена секвоја достигнува висина од 115,9 метри и овој вид дрва се највисоки живи дрвја на Земјата. Овие дрвја, исто така се меѓу најдолговечните организми на Земјата.
Пред да се започне со комерцијална сеча и расчистување на теренот во 1850-тите, ова дрво покривало околу 810 000 хектари во неговото автохтоно живеалиште долж крајбрежјето на Калифорнија (со исклучок на јужна Калифорнија каде нема доволно врнежи) и југозападното крајбрежје на Орегон во рамките на Соединетите Американски Држави.
Наводи
Категорија:Четинари Категорија:Украсни дрва