250п|мини|десно|Црквата на Вилхериншката опатија Вилхеринг (, среднобаварски: Wilaring) — општина во округот Линц-Околина на покраината Горна Австрија во Австрија. Геслото на општината е „култура и живот“.
Историја Во Вилхеринг е сместена цистерцитската Вилхериншката опатија соцрква во рококо-стил, опкружени со шумски предели. Опатијата е основана во 1146 г. но настрадала во пожар, па била обновена. Во неа се чуваат скици и слики на разни австриски барокни сликари. Внатрешноста на црквата се вбројува меѓу врвните примери на рококото во Австрија.
Населени места Општината ги опфаќа следниве населени места ():
Аперсберг (Appersberg, жит.) Вилхеринг (Wilhering, жит.) Винкелн (Winkeln, жит.) Дернбах (Dörnbach, жит.) Едрамсберг (Edramsberg, жит.) Кацинг (Katzing, жит.) Лонхартинг (Lohnharting, жит.) Милбах (Mühlbach, жит.) Рајт (Reith, жит.) Талхам (Thalham, жит.) Уфер (Ufer, жит.) Фал (Fall, жит.) Хеф (Höf, жит.) Хицинг (Hitzing, жит.) Шенеринг (Schönering, жит.)
Население низ историјата
Образование Општината има три нижи училишта (Дернбах, Шенеринг и Вилхеринг) и едно више, до осмо одделение. Воедно постои приватното училиште „Штифтер“. Работат и две детски градинки.
Јавен превоз Вилхеринг има сопствен јавен превоз во општината со кој стопанисува автобускиот превозник WILIA, основан во 1930 г.
Поврзано Илариј Аквилејски
Наводи
Надворешни врски
Портал на Вилхеринг
Категорија:Линц-Околина Категорија:Општини во Горна Австрија