Шошонскиот (Sosoni' ta̲i̲kwappe) е нумиски јазик од јазичното семејство на јутоацтечки јазици. Овој јазик се зборува во западни САД и е мајчин јазик на Шошоните. Јазикот се зборува во Вајоминг, Јута, Невада и Ајдахо.

Шошонскиот има шест самогласки, кои разликуваат должина. Согласките во шошонскиот јазик се релативно малубројни во спредба со останати староседелски јазици. Шошонскиот е богат со наставки, кои се клучни во јазикот. Јазикот исто така располага со граматички број, падеж, како и глаголски вид (аспек) и време. Зборовниот редослед во јазикот е слободен, но има знаци на следење на зборовен редослед подмет-предмет-прирок.

Шошоните го именуваат јазикот или како „народен јазик“ (newe ta̲i̲kwappe) или како „шошонски јазик“ (Sosoni' ta̲i̲kwappe). Јазикот е класифициран како загрозен јазик, но во последните години во тек е проект за ревитализирање (јазично оживување).

Класификација Шошонскиот е најсеверен јазик од семејството на јутоацтечки јазици. Во рамките на тоа јазично семејство, јазикот е дел од групата на нумиски јазици. Најсродни јазици на шошонскиот се тимбишанскиот и команчејскиот јазик. За тимбишанскиот се верува дека засебен јазик во оваа јазична подгрупа, додека за команчејскиот се верува дека шошонскиот и команчејскиот се одделиле од еден ист јазик во 1700 година. Јазиците имаат ограничена меѓусебна разбирливост.

Дијалекти Шошонскиот е составен од следните главни дијалекти: западен дијалект во Невада, гошутски дијалект во Јута, северен дијалект во Ајдахо и источен во Вајоминг. Дијалектните разлики се на фонолошка основа.

Фонологија Самогласки

краткидолги предна задна незаоблена задназаобленапредназадна незаобленазадназаоблена високи i::u: средни ai ai:o: ниски aa:

Согласки

двоусни коронални преднонепчени заднонепчени гласилни рамни лабијализирани носни експлозивни слеани струјни полусамогласки

Наводи

Поврзано Шошони Јутоацтечки јазици

Надворешни врски

Шошонски јазичен проект Видео игра за шошонскиот Шошонски јазичен проект, Државен универзитет во Ајдахо Шошонски речник Ресурси за шошонскиот

Категорија:Нумиски јазици Категорија:Аглутинативни јазици