Катуништа или Косарска Нива — археолошко наоѓалиште во селото Белчишта во областа Дебрца. Претставува средновековна населба со црква и некропола. На околу 2 км североисточно од селото, кон планината Сини Вирој, при обработувањето на земјиштето биле откривани остатоци од градби ѕидани од камен и кал, огништа, железни предмети - орудија и друго. Во нивата на еден селанец се откриени остатоци од мала еднокорабна црква со полукружна апсида градена од камен, бигор, тули и варов малтер. Во внатрешноста на градбата се најдени и гробови градени од камени плочи без гробни прилози.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 238, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Св. Атанасија — средновековна црква; Св. Василиј — црква од развиеното средновековие; Св. Јован (Кај Смрекана — средновековна црква и некропола; Белчишта; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Белчишта