Св. Атанасиј — археолошко наоѓалиште во селото Лешани во областа Дебрца. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 300 м северно над селото, над зарамнетото плато од ридот. На простор од 8 × 8 м се наѕира основа од сакрална градба. Јужно од овој простор се забележуваат поголеми камени плочи кој претставуваат средновековни словенски гробови. Над средината од просторот денес стои обележје „икона“ изградена од камени плочи, најверојатно извадени од гробните конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 250, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — утврдена населба од бронзеното време; Думејнчка Горица — населба од неолитското време; Св. Богородица — средновековна црква; Св. Петар — раносредновековна црква и некропола; Сисвети — средновековна црква и некропола; Лешани; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Лешани