Вицендорф () — општина во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината е признаено покраинско одморалиште.

Географија Местоположба

Вицендорф се наоѓа во средината на градскиот триаголник Хамбург-Хановер-Бремен, сместен на автопатот А7. Во негова близина се наоѓаат градовите Золтау, Мунстер и Берген.

Општински единици

Покрај самиот Вицендорф, во општината влегуваат и следниве места: Бокел, со Денернбокел, Лирсбокел, Вроге и Лемберг, Марбостел, со Родехорст, Мајнхолц, Зуројде со Хексенраје, Рединген со Халмерн и Рајнинген, како и Клајн Америка.

Историја

Во текот на Втората светска војна, камп за затвореници, вклучувајќи и дел за офицери, се наоѓал во близина на Вицендорф. Кампот првично бил користен за советски затвореници од Источниот фронт; подоцна делумно бил испразнет поради лоши санитарни услови и користен за други затвореници, вклучувајќи многу италијански воени заробеници, кои Нацистичка Германија ги затворила бидејќи го изгубиле својот воен статус, откако одбиле да ги следат наредбите на Мусолини. Помеѓу италијански затвореници бил Џованино Гварески, кој подоцна станал светски познат како автор на „Дон Камило“ и Алесандро Ната, подоцна генерален секретар на PCI.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Хајдекрајс