Бела Вода — археолошко наоѓалиште кај велешкото село Новачани. Претставува населба од римско време. На 5 км североисточно од Башино Село и околу 300 метри пред утоката на Бела Вода во езерото Младост, при подготовката на земјиштето за лозови насади се откриени темели од повеќе градби, а по површината на лозјето се среќаваат голем број фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал.

Поврзано Кале - Градиште — градиште од доцноантичкото време; Теќе — населба од бронзеното и доцноантичкото време; Новачани; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;

Наводи