Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ (роден во - починал во година во ) — српски офицер, илинденски револуционер и македонски „автономист”.
Животопис По кратко учителствување во с. Мачуково (1. Ⅳ 1898), се запишал на Воената академија во Белград (22. Ⅶ 1898). Како српски поручник двапати со своја чета влегува во Македонија, но бил ранет е во борбите со Турците и се лекувал во Софија (1903). Убеден дека „македонските борци навистина војуваат за автономија на земјата и дека тоа е единствениот пат за нејзино спасување од турските нокти”, се вратил во Србија, поднел оставка на офицерската служба и станал сопственик и одговорен уредник на органот на обновениот (заедно со Григорие Хаџи Ташковиќ) Македонскиот клуб во Белград в. Автономна Македонија (1905) со мото: „Балканот на балканските народи. Македонија на Македонците” и со девиза: „Првин слобода, па после пребројување!”
Со Хаџиташковиќ преговарале во Софија со „левото крило” на ТМОРО за учество на Рилскиот конгрес (1905). По големите реакции во Србија, весникот бил забранет, а тој прогонуван и интерниран во Пожаревац. Успеал да побегне во Австроунгарија, Црна Гора и во Бугарија, а по Младотурската револуција заедно со Јане Сандански се прибрал во Македонија и починал од туберкулоза како турски службеник во родниот град.
Наводи
Категорија:Дејци на Македонскиот клуб Категорија:Македонски борци