Славчо Џеков ( во – во ) – македонски универзитетски професор, специјалист од областа на одгледувањето на шумите и за предметот дендрологија, декан на Шумарскиот факултет од 1982 до 1984 година.
Животопис
Славчо Џеков е роден на 21 септември 1924 година во село Раклиш, Радовишко. Гимназиското школување го започнал во Радовиш, а го завршил во Софија. Во учебната 1946/47 година, тој се запишал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун, а дипломирал на новоотворениот Земјоделско-шумарски факултет во Скопје во 1950 година. Во 1952 година бил избран за асистент на предметот Дендрологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Докторирал во 1959 година на Шумарскиот факултет во Загреб на темата под наслов: „Систематски положај, географске и шумско узгојне особине домаће црне и сиве, као и одомаћене пирамидалне тополе у НР Македонији”. За доцент по предметот Дендрологија, тој бил избран во 1960 година, за вонреден професор во 1965 година, а во 1971 година за редовен професор по истиот предмет. Во периодот од 1967 до 1978 година ја изведувал и наставата по предметот Одгледување на шумите. Пензиониран бил на 1 октомври 1987 година. Починал во 1999 година.Монографија 70 години Шумарски факултет
Се занимавал со проучување на дендрофлората, шумско-вегетациските односи и воведувањето на популикултурата во Македонија. Дал голем придонес во проучувањето на тополите и глоговите, при што открил нови видови. Публикувал бројни трудови во домашни и во странски списанија.
Творештво Дендрологја, (учебник) Скопје 1987;
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски дендролози Категорија:Македонски декани Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски дендролози Категорија:Југословенски декани Категорија:Професори на УКИМ