Билјарски песни – пролетни обредно-календарски песни, поврзани со берењето на билките, со крмењето на добитокот и со започнувањето на објектите.

Овие песни се поврзани со одредени празници од народниот и црковниот календар, најмногу со Ѓурѓовден, но и со Летник, Свети 40 маченици, Благовец, Цветници, Иванден и др. Билките се берат навечер спроти празникот или наутро, пред изгрејсонце, на самиот празник. Притоа се пее: Ајде на билје, бела Билјано,/ билје да бериш, стадо да крмиш,/ стадо да крмиш, стадо братово… итн.

За повеќето песни карактеристичен е рефренот Билјаро! Сл’нце грејет, цвеќе пулит, Билјаро!/ Ветер вејет, шума листит, Билјаро!/ Роса росит, трева растет, Билјаро! Песните имаат свечено-величална смисла. Тие ги опеваат најискрените надежи на луѓето за лична среќа, здравје, љубов и напредок на целото семејство и за здравје и приплод на добитокот. Песните се исполнети со силна симболика, присуство на хиперболи и сл.

Наводи

Категорија:Македонска народна лирика Категорија:Календарски народни песни