Железница или Равниште — археолошко наоѓалиште во градот Кратово. Претставува римска некропола. Според податоците на археолот на Апостол Керамидчиев, наоѓалиштето лежи над селото Железница, на високото плато каде што е подигната опитната станица за овоштарство. Во 1961 година овде бил уништен дел од некропола, поточно 4 гроба градени од камени плочи. На една од плочите, што подоцна била украдена, имало релјефна претстава и натпис. Во близината на некрополата бил откопан еден питос уште неколку во местата Вук и Живолески Рид, во реонот на селските лозја.
Поврзано Дупка - Талашманци — некропола од доцнохеленистичкото и римското време; Кратово — населба од доцнохеленистичкото и римското време; Кратово — средновековна некропола; Кратово; Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско.
Наводи