Стефан Маневски (, – , ) — македонски вајар и професор МАНЕВСКИ Стефан.

Животопис Дипломирал (1960) и магистрирал (1963) на Академијата за ликовни уметности во Белград. Маневски бил еден од доајените на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 1999 година, во Музејот на современа уметност, Скопје, тој оддржал ретроспективна изложба.

Творештво Неговите почетоци (1963/64) биле врзани за инвентивната серија енформелни цртежи, додека вајарните остварувања од 1966 година, биле конципирани со метални фрагменти (Миг на времето, 1966). Подоцна скулптурите ги сведува на објекти со оптички ефекти и со разбрануванаобоена површина (Светлосен информатор 2, 1983). Во Музејот на современа уметност, постои богата и значајна збирка на негови дела: „Јужна ѕвезда“, 1965 „Миг на времето“, 1966 „Композиција“, 1966 „Неисправен механизам“, 1966/1967 „Морбидно јадро“, 1966/1967 „ Цртеж“, 1963 „Градот што догорува“, 1964 „Без наслов“, 1968 „Крилеста скулптура“, 1968 „Јадро што зрачи“, 1968 „Скулптура“ 1, 1970 „Скулптура“ 2, 1970 „Скулптура“ 7, 1973 „Скулптура 12, 1972/1973 „Без наслов“, 1978 „Скулптура“ 10-2, 1977 „Скулптура“ 10-1, 1978 „Светлосен информатор“ 2, 1983серијата дела на Стефан Маневски

Наводи

Надворешни врски Стефан Маневски Stefan Manevski

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски вајари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски вајари Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Апстрактни вајари Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Професори на Факултетот за ликовни уметности - Скопје Категорија:Членови на ДЛУМ