Спас — археолошко наоѓалиште во кратовското село Туралево. Претставува средновековни градби. Спроти селото има високо плато со обработливи ниви во кои, на еден мал простор, биле откриени темели од градби ѕидани од камен и кал. Судејќи според начинот на ѕидањето и употребениот материјал, веројатно се работи за некакви средновековни градби.

Поврзано Црквеница — населба од доцноантичкото време; Туралево; Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско.

Наводи