Широко Поле — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Буриловци. Претставува населба од доцноантичкото време. На источниот раб од селото, зад куќата на С. Милиќ, при орање на нивата бил откриен четвртест постамент, со димензии од 37 × 47 × 22 см, изграден од тегули и хидрауличен малтер. На површината има изобилство од градежен материјал, како и фрагментирана керамика.
Поврзано
Пинговски Гробишта - некропола од средниот век; Буриловци; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско.
Наводи