„Го пратиле дедо в' планина“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некојси „лош“ дедо кој во песната го праќале на места со некакви си намери, но тој успевал да се враќа со други исходи. Песната има општествен карактер.

Текст -Го пратиле дедо во планина, мечките да го изедат. Бреј, бреј, лош дедо, бре. Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде, полна му торба со мечиња. Бреј, бреј, лош дедо, бре. Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Го пратиле дедо на дрва, волците да го изедат. Бреј, бреј, лош дедо, бре. Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде, полна му торба со волчиња. Бреј, бреј, лош дедо, бре. Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Го пратиле дедо на бања, жените да го истријат, жените да го избањат. Бреј, бреј, лош дедо, бре. Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде, полна му торба со женчиња. Бреј, бреј, лош дедо, бре. Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го кај иде, лош дедо, лош дедо, бреј, бреј, бреј.

Надворешни врски Го пратиле дедо в' планина (текст и музика) на pesna.org преку web.archive.org

Категорија:Македонски народни песни