Стојан Стојчев Крстевски ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис По завршување на основното училиште, се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во есента 1944 година, пред целосното ослободување на Македонија, стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која заминал во Земун каде ја завршил три-месечната воена обука. Потоа бил прераспореден во други единици на НОВ и ПОЈ. Со една од нив учествувал во пробивот на Сремскиот фронт и во многу борби за ослободување на Војводина, Хрватска и Словенија. Иако војната веке била завршена, со Бригадата учествувал во борбите за уништување на воените злосторници и квислинзи во планините. Во една од тие битки загинал на 24 септември 1945 година, кај Ледоград во Славонија. Бил закопан на местото каде што загинал.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ