Љубе Митрев Крстевски ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Основно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство, а чувал и добиток. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонака ударна бригада со која учествувал во борбите против балистите и Германците за ослободување на својот роден крај и Скопје. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на Сремскиот фронт, потоа и во борбите за ослободувањето на Војводина и Хрватска. Загинал на 3 мај 1945 година, во времето кога била постигната големата победа на Петнаесеттиот македонски корпус кај Славонска Пожега. Посмртните останки му биле пренесени на гробиштата во родното село Раштак.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ