Емили Мерион Херис (англиски: Emily Marion Harris, Лондон, 7 јуни 1844 — Лондон, 5 декември 1900) — англиска писателка и поетеса. Голем дел од нејзините дела обработуваат живот на Евреите во Лондон, како и верските и политичките конфликти на еврејските традиционалисти и соочувањето со асимилацијата.

Биографија Емили Мерион Харис е родена во Лондон од еврејски родители Сара (моминско Барнет) и Арон Ласелс Харис. Сара, наставничка, била активна во добротворни организации за еврејските сиромашни лица од Источен Лондон.

Од 1887 година, Харис го водела Еврејскиот клуб за девојчиња во Сохо, ко-основан со Лили Монтагу под покровителство на Лејди Шарлот де Ротшилд и Констанс Ротшилд. Клубот имал за цел да обезбеди вечерни часови, рекреација и можности за социјална интеракција за работничките жени кои живеат во областа на Западен Центар.

Харис одржувала пријателство и преписка со Роберт Браунинг.

Таа починала во 1900 година во нејзиниот дом на плоштадот Тависток, Блумсбери, од пневмонија, болест која траела неколку дена. Нејзината погребална служба ја спровеч хазан Маркус Хаст од Големата ортодоксна синагога, со пофалби од реформистичкиот рабин Морис Џозеф. Домот на Емили Харис за еврејски работнички девојки, кој обезбедувал оброци и сместување за работничките еврејски жени, бил именуван во нејзино сеќавање.

Дела

Revised as Two Little Sisters in 1863.

Наводи

Категорија:Англиски писатели Категорија:Англиски поети Категорија:Родени во 1844 година Категорија:Починати во 1900 година