Голем Рид — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Ѓуземелци.
Претставува населба од доцноантичко време.
Во непосредната близина на стариот пат што води за Св. Николе, на оддалеченост од околу 1,5 км југоисточно од селото, во нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Во една нива лежи голема архитравна греда.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 350, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Голем Рид — населба од доцноантичкото време; Св. Ѓорѓи - Бела Црква — осамен наод од римското време; Ќерамидница — населба од неолитското и доцноантичкото време; Чифлик — средновековна населба; Ѓуземелци; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Ѓуземелци