Алин Дол — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува населба од младото камено време и античкоримското време.
Местоположба Се наоѓа на 1,8 км северозападно од селото, на тераса од левата страна на Орелска Река, во реонот на вештачкото езеро Мавровица. Зафаќа површина од околу 8 хектари која многу години била обработувана. При изградбата на акумулационото езеро поголем дел од терасата е пресечена.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 355 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
На околу 160 м северозападно од главното наоѓалиште, се наоѓа местото наречено „Дел од римска населба“. На околу 160 м јужно од главното наоѓалиште, се наоѓа местото наречено „Доцноримска некропола“. Овие две наоѓалишта веројатно припаѓаат на истата населба која постоела во доцната антика.
Истражувања мини|220п|лево|Површен наод од керамика. мини|220п|лево|Површен наод кремен. Во 1981 година во организација на Археолошкиот музеј на Македонија и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата биле извршени заштитни ископувања при што биле пронајдени остатоци од населби од младото камено време и античкоримското време. Младокамената населба е целосно уништена, а најдениот керамички материјал покажал дека се работи за повеќеслојна населба, хронолошки и културно идентична со населбата Барутница во Амзабегово, односно со еволуција од крајот на раниот до крајот на доцното младо камено време (Анзабегово-Вршник I-IV). На истата тераса со ископувањето била откриена печка за печење на тегули и тули, од III-IV век. Печката има речиси четвртеста основа, со димензии од 3,4 × 2,85 м. Била изградена од ќерпич и кал. На средината на западниот ѕид има префурниум преку кој се загревала. Скарата е решеткава со кружни отвори правилно распоредени, по девет во десет реда. Носачите на скарата се три напоредно поставени ѕида.
Галерија
Поврзано Ветрен — некропола од железното време; Вреж — населба од неолитското време; Градиште — утврдена населба од железното време; Дабица — населба и некропола од римското време; Зелена Чукарка - Јокуш — населба и некропола од римското време; Јокуш — некропола од римското време; Мишевска Воденица — вила рустика од римското време; Старо Село — населба и некропола од средновековно време; Црквиште — населба и некропола од римското време; Немањици; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Немањици