Градиште — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува утврдена населба од железно време.
Местоположба и наоди мини|220п|лево|Ридот со неговото плато. Поглед од север. Наоѓалиштето се наоѓа голема височинка што се издига над левиот брег на реката Мавровица, оддалечена 2,5км југоисточно од Немањици. На врвот има зарамнето плато со површина од околу 300 × 150 м, на кое има грамади од камен и голем број фрагменти од керамички садови со груба фактура. Веројатно на оваа населба припаѓаат гробовите од наоѓалиштето Ветрен, кој лежи во подножјето на оваа височинка.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 356 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Галерија
Поврзано Алин Дол — населба од неолитското и римското време; Ветрен — некропола од железното време; Вреж — населба од неолитското време; Дабица — населба и некропола од римското време; Зелена Чукарка - Јокуш — населба и некропола од римското време; Јокуш — некропола од римското време; Мишевска Воденица — вила рустика од римското време; Старо Село — населба и некропола од средновековното време; Црквиште — населба и некропола од римското време; Немањици; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Немањици