Малино — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Малино. Претставува осамен наод од римско време. Меѓу лапидите во Заводот и музеј во Штип се наоѓа надгробен споменик донесен во првата половина на педесеттите години од селото Малино, наоѓалиште непознато, со димензии од 2 × 0,50 × 0,11 м. Поделен е на калкан, едикула и натписно поле. Во средината на калканот има розета, над неа пинија, а лево и десно полумесечини. Во едикулата се претставени две машки фигури облечени во различни долги облеки и со фризури со куси кркми прилепени за челото. Едната држи стап и меч во десната рака, а во левата ролна. Што се однесува до натписното поле, во горниот дел има коњаник што стои, облечен во куса облека, кој во левата рака ја држи уздата. Натписот е во 11 реда, напишан на грчки, со семеен карактер.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 355, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — доцноантичко и средновековно градиште; Малино — осамен наод од римското време; Поза Рид - Шољеви Камења — населба од доцноантичкото време; Св. Стефан — осамен наод од римското време; Цигански Гробишта — средновековна некропола; Црвена Стена — некропола од доцноантичкото време; Малино; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Малино