Пандија (или Јупитер LXV, првично: S/2017 J 4) — надворешна месечина на Јупитер со пречник од 3 км.
Откривање Откриена е од американскиот астроном Скот Шепард и неговата екипа во 2017 г. но објавена дури на 17 јули 2018 г. преку службениот распис на Центарот за мали планети.
Име Месечината го добила името во 2019 г. според Пандија, старогрчка божица на полната месечина, ќерка на Зевс и Селена.https://planetarynames.wr.usgs.gov/Page/Planets Името е изгласано на конкурс приреден од Карнегиевиот институт на Твитер, по предлог на основци од селото Ланивет во Корнвол, Англија. Го избрале името „Пандија“ бидејќи пандата е симбол на нивното училиште и бидејќи селото порано испорачувало бамбус за панда во Лондонската зоолошка градина.
Таа е напраден член на надворешниот дел од Хималиината група, кои имаат имиња што завршуваат на -а.
Орбита Месечината кружи по голема полуоска од 11.525.000 км при наклон од 28,15°.
Наводи
Категорија:Хималиина група Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Неправилни месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 2017 година Категорија:Откритија на Скот Шепард