„И ние сме деца на Македонија (Налеј, налеј)“ — македонска народна песна. Песната е посветена на македонскиот народ. Песната има родољубив карактер.

Текст -И ние сме деца на мајката земја на мајката земја, на Македонија. На нашата земја, на Македонија.

И ние имаме право да живејме, како и другите живот што живеат. А ние страдавме, гладни умиравме.

Слобода немавме, правдини никакви, кога ги баравме, в затвор се најдовме. Во фурни не ставаат за да не изгорат.

Коските ни кршат и крвта ни пијат а ние смели сме, горди умиравме. Горди умиравме, не се предававме.

Живот не жалевме, младост си дававме за наши правдини, смели умиравме. Парола имавме: Смрт или Слобода! Смрт или Слобода за Македонија, за Македонија, земја поробена.

Надворешни врски И ние сме деца на Македонија (текст и музика) на pesna.org преку web.archive.org

Категорија:Македонски народни песни Категорија:Македонски родољубиви песни