Лер () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град. Се граничи со градот Емден, окрузите Аурих, Витмунд, Фризија, Амерланд, Клопенбург и Емсланд, како и со холандската покраина Гронинген.
Географија
Округот е сместен во јужниот дел на областа Источна Фризија. Низ него тече реката Емс, доаѓајќи од Емсланд на југ и завршува во заливот Доларт на Северното Море. Во него влегува и островот Боркум од групата Источнофризиски Острови. Дел од Лер е зафатен од Националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“.
Историја
Во 1744 година цела Источна Фризија е припоена кон Прусија. Во 1867 година, областа е поделена на окрузи, и основани се окрузите Лер и Венер. Во 1932 година тие се соединиле. Грбот на округот е оној на источнофризиското поглаварско семејство Укена кое владеело со овој крај во XV век.
Градови и општини
мини|десно|300п|Градови и општини во округот Лер.
ГрадовиСлободни општиниСлободни областиОпштински заедници Боркум Венер Лер Бунде Вестоверлединген Јемгум Мормерланд Остраудерфен Раудерфен Упленген Литје Херн 1. Јиме Детерн Нортмор Филзум1 2. Хезел Бринкум Нојкамперфен Фирел Хезел1 Холтланд Шверинсдорф1седиште на општинската заедница
Поврзано Источна Фризија Источнофризиски Острови
Наводи
Надворешни врски
Службен портал на округот Лер Остров Боркум
Категорија:Окрузи во Долна Саксонија