Циростратус небулосус (латински: Cirrostratus nebulosus) ― вид на облак циростратус на високо ниво. Името cirrostratus nebulosus потекнува од латински, придавката nebulosus што значи „полна со пареа, маглив, заматен, темен“. Циростратус небулосус е еден од двата најчести облици што циростратусот често ги има, а другиот е циростратус фибратус. Видот небулосус е без особености и еден облик, додека видот фибратус има влакнест изглед. Циростратус небулосус се создаваат со нежно растечки воздух. Облакот често е тешко да се види, освен ако сонцето не грее низ него под правилен агол, правејќи ореол. Иако обично е многу светло, облакот исто така може да биде многу густ, а точниот изглед на облакот може да варира од една формација во друга. Во зима, врнежите често следат зад овие облаци; сепак, тие не се облак што предизвикува врнежи.
Поврзано
Список на видови на облаци
Наводи
Надворешни врски
Меѓународен атлас на облаци - Cirrostratus nebulosus
Категорија:Облаци Категорија:Цирус Категорија:Стратус