Циростратус фибратус (латински: Cirrostratus fibratus) ― еден вид на циростратусен облак. Името cirrostratus fibratus потекнува од латински, што значи „влакнесто“. Циростратус фибратус е еден од двата најчести облици што циростратусот често ја има, а другиот е циростратус небулосус. Тие се создавани од силни, постојани ветрови што дуваат на голема надморска височина, и тие често покриваат голем дел од небото. Циростратус фибратус често може да се развие или од облакот цирус фибратус или од цирус списатус. Врнежите честопати се ближат зад овие облаци; сепак, тие не се облак што предизвикува врнежи.

Поврзано

Список на видови на облаци

Наводи

Надворешни врски

Меѓународен атлас на облаци - Cirrostratus fibratus

Категорија:Облаци Категорија:Цирус Категорија:Стратус