мини|Администратвен објект во Фехта Фехта () — округ во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со окрузите Олденбург, Дипхолц, Оснабрик и Клопенбург.

Историја Во XIII век минстерскиот епископ го набавил земјиштето на ова подрачје и така тоа влегло во Епископското Кнежевство Минстер. Со распуштањето владичките држави во 1803 г. Фехта му припаднала на Олденбург, иако останала под духовно водство на Минстер, поради што областа се нарекува Олденбуршки Минстерски крај. Денешниот округ е основан во 1945 г. како дел од новосоздадената покраина Долна Саксонија.

Географија Округот се одликува со рамничарски предели. Само во најјужниот дел има еден ридски венец близу градот Даме, наречен Дамски Ридови (Dammer Berge). Во окружните граници влегува и западниот брег на Димерското Езеро со околните слатини.

Грб На окружниот грб се прикажани: грбот на Војводството Олденбург грбот на Грофовијата Калвелаге-Равенсберг (која владеела со областа пред XIII век) грбот на Грофовијата Гален (вазал на минстерските епископи)

Градови и општини мини|лево|300п|Градовите и општините во округот Фехта ГрадовиСлободни општиниДаме Динклаге Лоне ФехтаБакум Голденштет Нојенкирхен-Ферден Фисбек Холдорф Штајнфелд

Наводи

Надворешни врски

Службен портал на округот

Категорија:Окрузи во Долна Саксонија