мини|260x260пкс| Сјон на фестивалот „LiteratureXchange“ во Архус (Данска 2019) Сигурјон Биргир Сигурдсон (роден на 27 август 1962 година), познат како Сјон ( /ʃ ɔː n / SHAWN; што значи „глетка“ но е и кратенка од неговото прво име), е исландски поет, романописец и текстописец. Сјон често соработувал со пејачката Бјорк и настапувал со Шугаркјубс како Џони Триумф. Неговите дела се преведени на 30 јазици.

Биографија Роден во Рејкјавик, Исланд, Сјон ја започнал својата писателска кариера рано и ја објавил својата прва поетска збирка, Визии, во 1978 година. Тој бил еден од основачите на нео-надреалистичката група Медиса и станал значаен во културната сцена во Рејкјавик.

Активен е на исландската музичка сцена уште од почетокот на 1980-тите, Сјон има соработувано со многу од најпознатите уметници од тоа време и настапувал како гостин вокалист за Шугаркјубс уште во 1987 година под името Џони Триумф. Овој настап бил придружен со музичко видео на Сјон како свири на воздушна гитара со Бјорк и Еинар Ирн Бенедиксон. Сјон повремено го повторува овој свој настап. На пример за последниот бис на концертите на „Шугаркјубс“, вклучувајќи го и еднократното шоу на бендот во 2006 година во Рејкјавик.

Сјон настапил во документарниот филм за Бјорк. Во 2007 година придонел за оригиналната приказна и го напишал сценариото за анимираниот филм Ана и Мудс. Бил дел и од глумечката екипа, толкувајќи го ликот д -р Артман.

Од август до декември 2021 година, Сјон пресојува во Швајцарија како „писател во резиденција“ на Литературхаус Цирих и Фондацијата PWG во Цирих.https://www.writers-in-residence.ch

Сјон живее и работи во Лондон. Во моментов престојува со сопругата и двете деца во Рејкјавик.

Дела

Романи

Челична ноќ (1987) Ангел, Стовехат и јагоди (1989) Ноќ на лимонот (1993) Направено во тајност / ме видоа твоите очи (1994) Приказната за големата капа (1995) Нами и неговите седум глави (2000) Со треперење солза (2001) Приказната за чудната птица (2002) Сината лисица (2003) Муза што шепоти (2005) Од устата на китот (2008) Месечен камен - момчето кое никогаш не било (2013) Кодекс 1962 (2016) Пченкарнозлатна коса, сиви очи (2019)

Поезија

Визии (1978) Мадона (1979) Биргита (Медиса, 1979) Како се води љубов со рацете? (со Matthías Sigurður Magnússon) ("Hvernig elskar maður hendur?" , Медиса, 1981) Велосипедот на слепиот ("Reiðhjól blinda mannsins", 1982) Книга на илузии („Сјонхверфингабокин“, Медаса, 1983) О, нели е диво? (Медиса, 1985) Замоци за играчки. На На ("Лејкфангакасталар", Медиса, 1986) Момчето со рендгенски очи, песни од 1978 до 1986 година („Drengurinn með röntgenaugun“, M l og menning, 1986) Има нешто што не можам да го запаметам за облаците („mang man ekki eitthvað um skýin“, M l og menning, 1991) Нејасни фигури ("myrkar fígúrur", M l og menning, 1998) Песната на собирачот на камења ("söngur steinasafnarans", Бјартур, 2007) Собрани песни 1978–2008 („јошафан 1978–2008“, Бјартур, 2008)

Филм

Масакр на гледање кит во Рејкјавик (2009) (сценарио и ко екранизација) Северниот човек (се очекува 2022 година) (ко-писател со Роберт Егерс ) Јагне (2021) (ко-писател со Валдимар Јохансон)

Награди мини|Добитник е на наградата за литература на Нордискиот совет 2005 година

1995: Награда за култура на весникот ДВ за литература во тајност 1998: Фонд за писатели на исландската радиодифузна служба за придонес во исландската литература 2002: Награда за култура на весникот ДВ за литература за „Солза што трепери“ 2005: Награда за литература на Нордискиот совет за Сината лисица 2005: Награда на исландските книжари за Роман на годината за „Муза што шепоти“

Сјон бил номиниран за Оскар и Златен глобус за песната „Ги видов сите“ од филмот Танчерка во мракот.

Во 2016 година Сјон станал третиот писател избран да соработува на проектот „Библиотека на иднината“.

Наводи

Надворешни врски

Сјон за зборови без граници

Интервју: зборови без граници - Сјон

Категорија:Родени во 1962 година Категорија:Исландски поети Категорија:Исландски писатели