Борис Колев Симоновски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснал во бедно земјоделско планинско семејство. Откако го завршил основното четиригодишно училиште, почнал да се занимава со земјоделие и сточарство, а ѝ аргатувал по туѓи имоти. Неговиот живот бил тежок и макотрпен. Со распламтување на сенародното востание активно го помагал народноослободителното движење. На 6 септември 1944 година стапил во редовите на Кратовскиот баталјон. Земал учество во борбите против Германците на Здравчи Камен и Крива Река, кога окупаторот се обидел повторно да го окупира Кратово, во кои борби бил повеќепати рануван. По борбите на Сремскиот фронт и ослободувањето на Југославија учествувал во прочистувањето од разните остатоци на квислиншките единици, четниците и усташите, во кои битки повторно бил тешко ранет. Ѝ покрај укажаната лекарска помош, на 20 мај 1945 година, подлегнал на раните.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ