Драган Мутибариќ (, ) — поранешен југословенски и српски фудбалер, член на југословенската репрезентација.
Кариера Роден е на 10 ноември 1946 година во Сомбор. Започнал да брани гол во 1960 година во Бечеј, а потоа како талентиран голман се преселил во Срем од Сремска Митровица и како младинец на овој клуб двапати бранел за репрезентацијата на Бачка и четири пати за селекцијата на Војводина, за подоцна да биде на голот и југословенската младинска репрезентација (1964).
Од 1966 до 1975 година, го достигнал зенитот на својата кариера во редовите на скопски Вардар, за кој бранел на преку 600 натпревари. Една сезона (1975/76) бил член на германскиот тим Шалке 04 од Гелзенкирхен, но бранел само на два натпревари во Бундеслигата. Во 1978 година бранел во финалето на Купот на Југославија за Трепча против Риека, кога Риека победила со 1-0 во продолжението.
Покрај три натпревари за младинската и пет за младата репрезентација, тој бранел и на 10 натпревари за А селекцијата на Југославија. Дебитирал на 26 февруари 1969 година против Шведска во Сплит, а својот последен натпревар за државната репрезентација го одиграл на 28 октомври 1970 година против екипата на СССР во Москва.
Како член на скопски Вардар, во јули 1984 му истекол неговиот четиригодишен договор, и тој потпишал за Тетекс од Тетово како 38-годишник. Подоцна настапувал за Македонија Ѓорче Петров и Микрогранулат Гостивар, клуб од регионална лига, каде што ја завршил кариерата.
Во Вардар бил прогласен за најдобар голман на сите времиња. Пет години по ред бил прогласуван за најдобар спортист во Македонија. Од 1992 година, работел и како тренер на голманите во Вардар. Од 1992 до 1996 година бил тренер на голманите на македонската репрезентација. Живее во Скопје во населбата Лисиче. Со сопругата Милица, имаат син Слободан.
Поврзано Список на југословенски репрезентативци
Наводи
Надворешни врски Драган Мутибариќ на страницата worldfootball.net
Категорија:Македонски Срби Категорија:Фудбалери на ФК Тетекс Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04 Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Српски фудбалери Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Југословенски фудбалски репрезентативци