Венче Стојков Грујоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште, бидејќи немал услови да се школува, останал земјоделски работник. Како симпатизер на ослободителното движење и напреден младинец, станал член на СКОЈ во 1943 година. Го помагал организирањето на младината, а во 1944 година се приклучил во редовите на Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Охрид, Струга и Кичево, а потоа заминал на Сремскиот Фронт. Загинал во борба против Германците кај Дуго Село во близината на Загреб, во април 1945 година.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ