Душан Стојмиров Јовески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Споменик од НОБ во Јагол, на кој е испишано името на Душан Јовески и неговите соборци од селото.

Животопис По завршувањето на основното училиште, бил принуден да оди на печалба во Белград каде работел како пекарски работник. Во Белград станал член на УРС-овите синдикати, а подоцна ѝ член на СКОЈ. По окупацијата, се вратил во своето родно село каде пројавил голема активност за целите на народно ослободителното движење. Во пролетта 1943 година, бил мобилизиран од италијанските воени власти, успеал да побегне и да се вклучи во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе борби низ Кичевско, а најпосле заминал на Буковиќ како претстража на слободната територија заедно со својот другар и соселанец, Мито Јовески. Загинал на 1 октомври 1943 година во борба против Германците и балистите.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ Мито Јовески Мирко Милески

Наводи

Категорија:Починати во Буковиќ (планина) Категорија:Учесници во НОБ