Две Тахиќанки — слика од Пол Гоген од 1899 година. На неа се прикажани две жени топлес, една држи цветови од манго, на тихоокеанскиот остров Тахити. Сликата е дел од постојаната колекција на Метрополитен музејот на уметност во Њујорк, а на музејот му ја донирал Вилијам Черч Озборн во 1949 година.Two Tahitian Women - Metropolitan Museum of Art Retrieved July 15, 2012

Иако Тахити е прикажан како невин рај, двете жени на сликата се соочуваат со гледачот на начин сличен на оној во Манеовата Појадок на трева (1863) или Олимпија (1863), и следат уметничка традиција на споредување на женските гради со цвеќиња или овошје. Жените на сликата се појавуваат и во две други дела на Гоген, Фаа Ихеихе (Тахитски пасторал) (1898) и Рупе, Рупе (1899).

Сликата била нападната на 1 април 2011 година, додека била на позајмица во Националната уметничка галерија во Вашингтон. Заштитата од плексиглас, спречила сликата да биде оштетена.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Слики од Пол Гоген Категорија:Уметнички слики од 1899 година Категорија:Слики во Метрополитен