Коџа Дере (, Мега Рема или Κοτζά Ντερέ; , ) — река во Кукушко, Егејска Македонија. Извира од планината Пајак и се тече по убави мешани листопадни шуми пред да се влее во најголемата македонска река — Вардар.
Местоположба мини|десно|250п|Коџадерската дековилка во мај 1917 г. Реката извира од северните северните падини на Пајак, на границата меѓу Кукушко и Меглен, па оди на исток низ Кукушко, минувајќи јужно од с. Купа, каде прави убави водопади. Потоа свртува на југоисток и стасува до вештачкото Рудничко Езеро (Лимни Металиу). Одовде минува на север од с. Извор и постепено се завива на североисток, па по низа меандри се влева во Вардар кај Циганската Клисура, северозападно од с. Ореовица. Има вкупна должина од околу 30 км.
Коџа Дере е брза и постојано полноводна река која се движи меѓу стрмни падини, така правејќи меандри. По течението, по падините на Пајак, се среќаваат растурени рушевини од мостовите на старата железница „Коџадерска дековилка“ по која возовите ги опслужувале сребрените рудници близу Љумница.
Слив → лева притока, ← десна притока → Извор (Вали ди Извори) ← Казанџи Дере ← Вале Рати ← Река (Вале Дулуни, Вели ди Река, Вати Рема) ← Бамби Дол → Курт (Бостанлак) → Карамица ← Студена Вада
Поврзано Кукушко Вардар
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Пајонија (општина) Категорија:Притоки на Вардар Категорија:Пајак (планина)