Задел — археолошко наоѓалиште во охридското село Ботун, Општина Дебрца. Претставува населба со некропола од доцната антика.
Се наоѓа во селото, на околу 500 м северозападно од куќата на С. Мицески. Во дворот од куќата, како и на просторот во непосредната околина, при изведбата на разни земјени работи се откривани фрагменти од керамички садови, бронзени фибули од типот „Т“ и др.
Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.
Поврзано Манастирче — црква од раниот среден век Св. Богородица — црква од средниот век
Наводи