Корија или Манастириште — археолошко наоѓалиште во охридското село Ботун, Општина Дебрца. Претставува црква од средниот век.

Се наоѓа на околу 1 км источно од селото. На северната падина од долот се гледаат остатоци од сакрална градба (исток-запад околу 30 м; север-југ околу 10 м). Забележливи се и неколку простории. Ѕидовите се широки 0,90 м и се зачувани во височина од 0,10 до 0,30 м. На просторот од купиштата камења има фрагменти од покривни ќерамиди и бигорен камен. Околу целиот простор се забележуваат остатоци од ограден ѕид изведен во сувоѕидица. Југозападно за околу 50 м на спротивната падина, на јужниот срт од долот се наоѓаат остатоци од четвртеста градба за која се претпоставува дека била камбанарија. Најверојатно се работи за мал манастирски комплекс од развиениот среден век.

Поврзано Селиште — населба, црква и некропола од средниот век Чешма — црква и некропола од средниот век

Наводи