Св. Богородица — археолошко наоѓалиште во охридското село Ботун, Општина Дебрца. Претставува црква од средниот век.
Овие остатоци од еднокорабна црквичка е основата врз која е изградена поновата Црква „Св. Богородица“ на Ботунскиот манастир. Местото се наоѓа на една падина во подножјето на планината, оддалечена 2 км западно од селото, десно од реката Сатеска и од патот Кичево - Охрид (автопатот А2). Остатоците се потврдени во 1990 г. при теренските подготовки за нејзиното обновување.
Поврзано Ботунски манастир Задел — населба со некропола од доцноантичко време Манастирче — црква од раниот среден век
Наводи