Горно Село — археолошко наоѓалиште во охридското село Опеница. Претставува населба од средниот век.

Во нивите на североисточниот крај од селото, близу ридот Кулица, се забележуваат грамади од кршен камен, како и фрагменти од керамички садови. Оттука потекнува еден бронзен прстен што се чува во Заводот и музеј во Охрид.

Ова се смета за постарата населба на Опеница.

Поврзано Лажиште - Вилипец — населба од римското време Мадем — топилница од доцноантичкото време Релејца — рударски јами од римското време Старечки Дол — рудник и топилница од римското време Требишки Рид — средновековна населба и некропола Црвејнца — населба од неолитското време, некропола од хеленистичкото време и средниот век

Наводи