„Алберт“ е расказ од Лав Николаевич Толстој од 1857 година.

Содржина Алберт е невработен талентиран музичар кој нема пари ниту дом. Дјелесов, богат човек, е заинтересиран за музиката на Алберт и му нуди сместување. Алберт ја прифаќа понудата, но набрзо се јавуваат проблемите. Алберт се пијани, постојано барајќи алкохол, и често заминува од куќата без да се јави. Дјелесов почнува да се кае што го довел Алберт во својата куќа, и му забранува на Захар, неговиот слуга, да му дава вино и вотка на алкохоличарот Алберт. Намерата на Дјелесов да го извлече Алберт од мизерноиот живот, Алберт ја сфаќа како злонамерна и се чувствува како да е затворен во кафез. Откако ќе ги украде клучевите од слугата, и ќе испие цел бокал вотка, сака да си замине од куќата на сред ноќ. Дјелесов, немоќен да го задржи, го пушта Алберт да си замине. Ноќта е студена, но Алберт, загреан од пијалакот, не ја чувствува. Нозете му стануваат тешки, срцето му бие и тој се упатува кон станот на Ана Ивановна. Почнува да блада и тешко му е да направи разлика помеѓу силните визии и реалноста. Кога пристига кај Ана, излегува слугинката и не го пушта внатре. Алберт легнува на прагот од станот и повторно му се јавуваат гласови, фантазии и сеќавања. Него го пронаоѓаат двајца гости кои ја напуштаат куќата. Алберт, сè уште заробен во своите визии, мисли дека ќе биде погребан додека го носат во станот.Tolstoj, Lew, sämtliche Erzählungen, insel taschenbuch, Frankfurt am Main, 1961; Zweiter Band von fünf Bänden, S. 118–150. Лав Толстој, Мећава и друге приповетке. Народна просвета, Београд, 1933, стр. 225-268.

Поврзано Библиографија на Лав Толстој

Наводи

Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази