Рамниште — археолошко наоѓалиште кај скопското село Ново Село, Општина Зелениково. Претставува некропола од доцната антика.

При обработувањето на земјиштето се пронајдени 5 гроба од типот циста, со скелетно погребување. Еден од гробовите има централна положба, а конструкцијата му е од монолитни камени плочи и капак херметички поврзан со малтер. Во гробот се откриени една златна фибула, два златни прстена со геми и две златни монети. Другите гробови се со примитивна конструкција од тули, а во нив се најдени неколку керамички садови. Гробовите се датираат во IV век.

Наодите се чуваат во Музејот на Град Скопје.

Поврзано Селиште — населба од римско време

Наводи