мини|Пјер Бенгтсон со Копенхаген во 2018 Пјер Томас Робин Бенгтсон (12 април 1988) е професионален шведски фудбалер кој игра како лев бек за тимот Копенхаген и репрезентацијата на Шведска. Започнувајќи ја својата кариера во АИК во средината на 2000те години, тој го поминал поголемиот дел од својата кариера во данската Суперлига, но имал и ангажмани во Бундеслигата и Лигата 1. Како репрезентативец од 2011 година, тој одиграл повеќе од 40 натпревари за Шведска и ја претставувал својата земја на УЕФА ЕВРО 2020 година (Европско првенство во фудбал).

Клупска кариера

АИК Бенгтсон ја започнал својата сениорска кариера во АИК, каде што го имал својот прв натпревар за тимот во август 2006 година, против екипата на Остерс ИФ на стадионот Ресунда во Стокхолм.

ФК Нордсјеланд По три и пол сезони поминати во АИК, Бенгтсон не бил задоволен од минутажата и решил да го напушти тимот и да се приклучи на 10 септември 2009 година на екипата од данската Суперлига ФК Нордсјеланд.Ny FCN-spiller: Mere pres i Sverige , Bold.dk, 11 September 2009 Бенгтсон ја започнал својата одлична игра во Нордсјеланд како резервен играч и тоа на Денис Кагара.Првиот натпревар го одиграл во Купот на Данска против тимот на АБ Копенхаген на 23 септември 2009 година. Неговиот прв натпревар во Суперлигата на Данска му бил пораз од 6:3 против тимот Брондби ИФ и тоа на 4 октомври 2009 година.Profile at Football-Lineups.com

Од 1 ноември 2009 година, Бенгтсон станал редовен стартен играч за ФК Нордсјеланд и тоа на левата бековска позиција. Преку неговите настапи, летото 2010 година Бенгтсон станал интересен за конкурентот од Лигата на шампионите на УЕФА, за тимот на ФК Копенхаген.Medie: FCK kigger på FCK-profil , Bold.dk, 28 August 2010 Следниот зимски преоден рок, Бенгтсон се преселил во тимот на ФК Копенхаген.Bengtsson solgt til FCK , Bold.dk, 27 January 2011

ФК Копенхаген Во Копенхаген, Бенгтсон бил резервна опција за Оскар Венд и тоа во првата половина на сезоната. Сепак, Бенгтсон настапил на 8 од вкупно 16 натпревари во периодот кога Венд требало да замине во тимот Борусија Менхенгладбах. Првиот натпревар на Бенгстон бил од клупата на 22 февруари 2011 година во осминафиналето од Лигата на шампионите на УЕФА против лондонски ФК Челзи.

Во сезоната 2011–12, Бенгтсон започнал како прв избор на позицијата лев бек. Во текот на есента, сепак, тој бил заменет на таа позиција од Брајан Овиедо, а од 27 октомври до 15 април Бенгтсон бил само двапати во составот на тимот. Овиедо подоцна на 31 август 2012 година заминал во Евертон ФК,FCK bekræfter Oviedo-salg , Bold.dk, 31 August 2012 а од тој момент Бенгтсон е претпочитан на позицијата лев бек во клубот.

Мајнц 05 На 23 ноември 2014 година, Мајнц 05 објавил дека ќе го потпише договорот со Бенгтсон на 1 јануари 2015 година. Бидејќи неговиот договор со ФК Копенхаген истекол на 31 декември 2014 година, тој бил достапен како слободен играч. Со тимот на Мајнц 05 потпишал договор на три и пол години и тоа до летото 2018 година.

Меѓународна кариера Бенгтсон бил дел од шведските млади репрезентации и за нив имал одиграно вкупно 29 натпревари. Тој бил дел од шведскиот тим на УЕФА првенството до 21 година (европското првенство за младинци од 21 година во 2009 година.

На 19 јануари 2011 година, Бенгтсон го одиграл својот прв натпревар за сениорската репрезентација на Шведска во пријателски натпревар против тимот на Боцвана.

И покрај тоа што редовно играл како лев бек за Шведска, за време на квалификациите за УЕФА ЕВРО 2020, тој на стартот од подготовките изненадувачки не бил поканет во репрезентацијата. Сепак, тој на крајот бил повикан за да го замени повредениот Мартин Олсон.

Статистика на кариерата

Меѓународна статистика

+Настапи и голови во репрезентација по години Репрезентација Година Натпревари Голови Шведска 2011 година 3 0 2012 година 1 0 2013 година 5 0 2014 година 9 0 2015 година 6 0 2019 година 5 0 2020 година 5 0 2021 година 7 0 Вкупно 41 0

Наводи

 Надворешни врски Статистика на шведската репрезентација до 21 година

Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Норшелан Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05 Категорија:Фудбалски бекови Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година