мини|Емил Бергстрем игра за Рубин Казан во 2016 Емил Еверт Бергстрем (19 мај 1993) е шведски фудбалер кој игра за холандскиот клуб Вилем II како позајмен од тимот на Утрехт и игра на позицијата среден бек.

Клупска кариера лево|мини|278x278пкс| Бергстрем играл за тимот на Ѓургарден во 2013. Бергстрем се преселил во тимот на Ѓургарден од екипата Бромапојкарна како младински играч на петнаесетгодишна возраст бидејќи сакал да игра во поголем клуб. Тој започнал како напаѓач, а потоа се преселил да игра во средниот ред пред крајот на кариерата да го најде своето вистинско место во централниот дел од одбраната. Во 2010 година, тој добивал голема минутажа и многу доверба од тренерот со тимот до 21 година.

На 15 април 2011 година, Бергстрем го одиграл својот прв натпревар во првата шведска лига Алсвенскан против Малме ФФ и тоа како замена. На средината од следната сезона 2012, Бергстрем станал редовен стартен играч на централната одбранбена позиција. На 30 јуни 2013 година, тој го постигнал својот прв лигашки гол кој воедно бил историски зошто бил последен гол за Ѓургарден на стариот стадионот во Стокхолм, пред да се пресели клубот на нивниот нов домашен стадион арената Теле2 Арена.

На 4 февруари 2016 година, Бергстрем потпишал договор со рускиот клуб ФК Рубин Казан.

На 27 јануари 2017 година, тој потпишал договор за позајмица со тимот Грасхоперс кој траел до крајот на сезоната 2017-18.

На 30 јули 2018 година потпишал со холандскиот тим ФК Утрехт.

На 2 септември 2019 година, ФК Базел од Швајцарија објавил дека Бергстрем бил преземен со договор на позајмица до крајот на сезоната. За новиот клуб го одиграл својот прв натпревар на гостински терен во Купот на Швајцарија на 15 септември кога Базел победил со 3:0 против тимот на ФК Мејрин. Првиот натпревар во домашното првенство на Швајцарија бил против тимот на Цирих стадионот Јакоб-Парк на 25 септември кога Базел победил со 4:0. Договорот му истекол на 30 јуни, а клубот објавил дека нема да го продолжи истиот. За десетте месеци колку што бил во клубот, Бергстрем одиграл вкупно 15 натпревари без да постигне гол. Осум од овие натпревари биле во швајцарската Супер лига, еден во Купот на Швајцарија, два во Лигата на Европа на УЕФА и четири биле пријателски.

На 1 јули 2021 година, тој се преселил на позајмица во тимот на Вилем II во Холандија каде игра во моментов.

Меѓународна кариера Бергстрем играл за шведската фудбалска репрезентација до 19 години и шведската фудбалска репрезентација до 21 година. Во јануари 2015 година го одиграл својот прв натпревар со фудбалската репрезентација на Шведска. Овој натпревар сепак не бил признаен како официјална натпревар на репрезентацијата од страна на ФИФА . Се сметал за ревијален и неважен натпревар.

Приватен живот Бергстрем пораснал како поддржувач на тимот на Ѓургарден уште од тригодишна возраст кога неговиот татко почнал да го носи за да ги гледа домашните натпревари. Тој носел заштитник на устата откако му биле скршени забите кога бил дете. Неговиот омилен број на дресот бил оној со број 13.

Статистика во кариерата

Клупска статистика

+Настапи и голови по клуб, сезона и натпреварување Клуб Сезона Резултати од различни лиги, одиграни натпреаври и постигнати голови Куп натпревари Други Вкупмо Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Ѓургарден 2011 година Алсвенскан Шведска лига 18 0 1 0 0 0 19 0 2012 година 23 1 1 0 0 0 24 1 2013 година 29 2 6 0 0 0 35 2 2014 година 30 2 3 1 0 0 33 3 2015 година 29 2 4 1 0 0 33 3 Вкупно 129 7 15 2 0 0 144 9 Рубин Казан 2015–16 Руската Премиер лига 12 1 0 0 0 0 12 1 2016–17 4 0 1 0 0 0 5 0 Вкупно 16 1 1 0 0 0 17 1 Базел(заем) 2016–17 Швајцарската Супер лига 18 1 0 0 0 0 18 1 2017–18 23 2 5 0 0 0 28 2 Вкупно 41 3 5 0 0 0 46 3 Вкупно во кариерата 186 11 21 2 0 0 207 13

Меѓународени натпревари за Шведска

Репрезентација Година Натпревари Голови Шведска 2015 година 1 Inofficiell match. 0 2016 година 2 0 Вкупно 3 0

Наводи

 Надворешни врски Профил на Ѓургарден (на шведски)

Категорија:Фудбалери на ФК Рубин Казан Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година