Местермир е сега главно исушено мочуриште западно од Хемсе на островот Готланд, Шведска. Ковчегот Местермир бил пронајден овде во 1936 година.
Географија мини| Работници што го исушувале Местермир 1902-1910 Предлогот за исушување на мочуриштето првпат бил претставен во 1898 година. Мочуриштето било исушено во 1902-1910 година. Некои од езерата кои пресушиле биле Туннганштреск, Штортреск, Нидтреск, Рисалатреск и Ескестреск.
Јужно од мочуриштето е Хавор, ридска тврдина од железно време. Во времето кога била изградена тврдината, мочуриштето сè уште било езеро, а тврдината се наоѓала на брегот. Во 1961 година, археолошкото ископување на градбата довело до откривање на богатсво кај Хавор.
Историја Како дел од националната програма за јавни работи за намалување на невработеноста во 1920–21 година, вкупно 25 километри од патишта биле изградени во Местемир.
Во 2008 година, шведската енергетска компанија Ватенфал почнала проект за изградба на ветроелектрана на Местермир. Плановите биле прекинати поради одлука донесена од страна на шведскиот суд за земјиште и животна средина во јули 2012 година.
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Шведска Категорија:Готланд Категорија:Координати на Википодатоците