Вознесение Христово (или Св. Спас) — доцносредновековна православна црква во светиниколското село Крушица. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, изграден во XV – XVI век. Внатрешноста е живописана, а иконите се од XIX век.

За долготрајниот континуитет на црковните гробишта сведочи археолошко наоѓалиште околу црквата каде се пронајдени надгробни плочи од римско време со натписи на старогрчки и разни релјефни претстави.

Поврзано Брегалничка епархија Кочанско архијерејско намесништво

Наводи

Крушица