Вознесение Христово – главна селска црква во селото Живојно.
Местоположба Црквата се наоѓа во североистоичниот дел од селото.
Историја Црквата е изградена во 1885 година. Непосредно по Втората светска војна била обновена, а во 1990 година била реновирана.„Цркви“. Visit Pelagonia.
Архитектура Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има ниша со прозорец, а црквата има и два споредни влеза на јужната страна, а над едниот од нив има ниша со фреска во лоша состојба на којашто не може да се забележи што е претставено. Храмот е еднокорабен со полукружен свод и е граден од камен. Внатрешноста е зографисана и е обогатена со икони и книги.
Во дворот на црквата се сместени камабанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и во горниот дел, во висина на ѕвоното, е тесно отворена од сите страни.
Галерија
Поврзано Живојнски манастир Црква „Св. Илија“ - Живојно Живојно Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Краварско-бачка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живојно Живојно