Воезнесение Христово (позната и како Свети Спас) — црква во крушевското село Свето Митрани, претставник на Македонската преродба.
Местоположба
Црквата е сместена во средиштето на селото.
Историја
Изградена е врз темелите на постара црква (веројатно „Св. Марина“) и осветена во 1856 година од митрополитот Венедикт Византиски. Под името Света Марина е спомената и при истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година.
Архитектура
Претставува еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страна, поделена на пет слепи ниши.
Фрескоживопис
Живописана е во XIX век од непознат зограф, а сигнатурите на фреските се на грчки поради тогашното врховенство на Цариградската патријаршија во селото.
Галерија
Поврзано Прва кривогаштанска парохија Прилепско архијерејско намесништво Свето Митрани
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Свето Митрани Свето Митрани